Македонската Аикидо Асоцијација е основана во ноември 2000-та година заради организирано и координирано изучување и афирмација на аикидото како вештина и примена на основните принципи и вредности на аикидото во секојдневниот живот.

Македонската Аикидо Асоцијација работи на создавање на услови за практикување и ширење на аикидото преку организирање на семинари и летни кампови, исто така и обезбедување техничка помош при основањето на нови аикидо клубови на територијата на Република Македонија.

Колективни членови на Мaкедонската Аикидо Асоцијација се следните клубови:

- Кенбукан Аикидо Доџо - Битола

- Зендо Аикидо Доџо - Скопје

- Кобукан Аикидо Доџо - Скопје


 

Технички советник г-дин Мустафа Ајѓун, 6. Дан Аикикаи

Управен одбор на МАА: Љ. Ошавков, Ј. Брзак, З. Кузманов, С. Начевски, С. Миладиновски

Техничка комисија: Љупчо Ошавков, Јахо Брзак, Здравко Кузманов